Чувај ја шумата, чувај ја иднината!

ЗА ШУМИТЕ

ЈП Национални шуми – Скопје е јавно претпријатие основано со цел одржливо управување, заштита и унапредување на шумскиот фонд во Република Македонија. Со долгогодишна традиција, се стремиме кон рационално користење на шумските ресурси, зачувување на биолошката разновидност и поддршка на локалниот развој.

ЛОВ И ЛОВЕН ТУРИЗАМ

Во нашите прекрасни шумски предели, ловот и риболовот се практикуваат со почит и под строг надзор. Преку овој пристап, обезбедуваме хармонија помеѓу уживањето во природата и нејзината заштита.

ПОШУМУВАЊЕ

Секое дрвце што го засадуваме претставува залог за поздрава и позелена Македонија. Со одговорно пошумување и долгогодишна грижа, ја градиме шумата што ќе ѝ ја оставиме на идните генерации.

ШУМА И ПРИРОДА

Нашите шуми се простор на мир, свежина и инспирација. Како зелено наследство, тие претставуваат извор на живот кој со љубов го чуваме, негуваме и постојано го унапредуваме за иднината.

Со овие средства, „Национални шуми“ ќе се модернизира со:

  • Трактор со витло, кој ќе го подобри процесот на искористување на дрвната маса.
  • Специјализирана опрема за гасење пожари, вклучувајќи пумпи и други уреди неопходни за брза реакција.
  • Градежни машини како булдожери, кои се клучни за пробивање и одржување на шумски патишта и патеки.
  • Дизел-компресор, неопходен за изградба и санација на шумската инфраструктура.

2025

Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шума стапува на сила од 01.07.2025 година и ќе трае до 31. 08. 2025 година.

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за:

Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Национални шуми, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, и лица коишто имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои управува ЈП Национални шуми – Скопје.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП Национални шуми – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.

За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра.

На ден 21 мај 2025 година, во хотел Пела – Охрид, успешно се одржа првата регионална работилница во рамки на проектот „Поддршка на реформите во шумарството во Македонија“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0036).

Работилницата беше посветена на презентацијата и дискусијата на Нацрт планот за одржлив развој на шумите во РС Македонија.

2025

На 20. 05. 2025 година се во просториите на компанијата ОКТА се одржа состанок кој го означи почетокот на соработката за превенција од пожари на отворено.

Јавното претпријатие Национални шуми, во рамките на соработката доби дрон со напредна технологија за рано откривање пожари, донација од ОКТА, кој ќе им помогне на теренските тимови побрзо и поефикасно да реагираат.

По тој повод, директорот на ЈП Национални шуми проф. др. Здравко Трајанов, изјави дека „Соработката со ОКТА претставува важен чекор напред во нашите напори за заштита на шумите и природата од пожари. Новата опрема значително ќе ни помогне во раното откривање на пожари и ќе ја зголеми ефикасноста на нашите теренски тимови. Превенцијата е суштинска – затоа активно се вклучуваме и во едукативната кампања за подигнување на јавната свест“.

Во рамки на проектот зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животна средина.

По повод 25 годишнината од основањето на Клиниката Жан Митрев, на 27.02.2025 година беше потпишан Меморандум за соработка меѓу основачот на клиниката, д-р Жан Митрев и вд Директорот на ЈП Национални шуми, проф.д-р Здравко Трајанов

Во неколку фази, а како симболика на четвртина век постоење, во периодот што следува ќе бидат засадени 25.000 садници.

Пошумувањето првично ќе започне во опожарените делови од штипскиот регион. Потпишувањето на Меморандумот за соработка и засадувањето на 25 000 садници не е само симболичен чин, туку конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на воздухот, создавање поздрава средина и оставање наследство на идните генерации.

Здравата животна средина е еден од клучните фактори за кардиоваскуларното здравје, бидејќи загадениот воздух, намалената зелена површина и климатските промени имаат директно влијание врз кардиоваскуларните заболувања“, изјави д-р Жан Митрев.

Директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов, рече дека засадувањето на 25.000 садници, во соработка со Клиниката Жан Митрев, не е само чекор кон обновување на шумите, туку и директна инвестиција во почист воздух, подобра животна средина и поздрава иднина за сите граѓани.

,,Големо задоволство ми е што сум овде и се надевам на многу соработки во иднина“, изјави Директорот Трајанов.

Вложувањето во шумите е влог во здравјето на луѓето и влог во државата.

Честитки за јубилејот 25 години Клиника Жан Митрев.

На ден 23. 12. 2024 година во просториите на ЈП Национални шуми се одржа работен состанок со нашиот повеќегодишен партнер “Сојуз на извидници Боренка, кој претставува најголемата волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја.

Со заеднички сили, Боренка и ЈП Национални шуми засадија огромен број садници кои ќе ја разубават нашата околина и ќе придонесат за поубава и почиста иднина за сите нас.

ЈП Национални Шуми пошумуваа заедно со Боренка – с.Будинарци, Берово која беше една од најпогодените локации во пожарите 2021.

Имате некои прашања?

Прашањата може да се постават само преку формата!