Централа: 02 2581 080
Ул.Булевар“Св.Климент Охридски“ Бр.68 Скопје-Центар
komunikacii@mkdsumi.com.mk
PEFC сертификација во подружницата „Равна Река“ – Пехчево
Подружницата „Равна Река“ – Пехчево е меѓу првите подружници на ЈП „Национални шуми“ што успешно го имплементираше процесот на PEFC сертификација, со исполнување на сите потребни критериуми и индикатори за одржливо стопанисување со шумите.
PEFC (Programme for the Endorsement of Forest Certification) е еден од најголемите светски системи за сертификација на шуми, кој гарантира дека шумите се стопанисуваат на еколошки одговорен, економски одржлив и социјално праведен начин. Сертифицираните површини ги исполнуваат строги меѓународни стандарди за заштита на биодиверзитетот, правата на локалното население и одржливо користење на ресурсите.
Процесот опфати две шумско-стопански единици:
со вкупна површина од над 6.900 хектари, кои добија 100% PEFC Forest Management сертификат.
Сертификацијата ја потврдува заложбата на подружницата за:
Оваа меѓународна потврда е значаен чекор во мисијата на ЈП „Национални шуми“ за одржливо шумарство во Македонија.
Во прилог на сертификацијата се доставуваат и „Упатства за приватни шуми и ретки дрвја“ — практичен водич за сопственици и работници со заштитени дрвни видови.