Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето на производниот процес, развивање на политики за квалитет и подобра искористеност на ресурсите;
Опис на работни задачи и обврски:
Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците;
Обезбедува координација на производството, дотурот и превозот на шумски сортименти;
Изготвува и спроведува годишни и периодични-месечни и дневни планови;
Врши контрола над квалитетното и целосното искористување на дрвната маса;
Планирање и координација при изградба на шумски комуникации и искористувањето на механизацијата;
Донесува глобални програми за модернизација на механизацијата и постројките за примарна преработка;
Го следи доследното извршување на плановите и предвидувањата, кои произлегуваат од шумско-стопанските планови;
Соработува со другите сектори во Дирекцијата, со организации и институции кои се занимаваат со проблематиката од делокругот на работата на секторот;
Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот;
Одговорности:
За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;