СЕКTОР ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИ, ЛОВИШТА И ПРОЕКТИРАЊЕ
Помошник директор: д-р. Дејан Манџуковски
Работни цели:
Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето, развивање на политики за квалитет и подобра искористеност на ресурсите;
Опис на работни задачи и обврски:
Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците;
Изготвува и спроведува годишен план за изработката на плановите за стопанисување во рамките на Претпријатието;
Го организира и следи процесот околу изработката на Посебните и Општите планови за стопанисување со шуми, Инвентаризација на шуми и раководи со проекти со државен и меѓународен карактер;
Ги организира и координира работите за уредување на шуми, ловишта и проектирање во секторот и дава упатства во извршување на работите задачи;
Соработува со организации и институции кои се занимаваат со проблематиката од делокругот на работата на секторот;
Го контролира превозот и сместувањето на вработените при извршувањето на теренските работи;
Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог Директорот на претпријатието;
Одговорности:
За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;