Централа: 02 2581 080
Ул.Булевар“Св.Климент Охридски“ Бр.68 Скопје-Центар
komunikacii@mkdsumi.com.mk
Организација
Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на РМ – “Македонски шуми“ п.о.-Скопје е основано со Одлука на Владата на РМ бр.3028/1 од 15.12.1997г. (Сл.Весник на РМ бр.65/97), а започна со работа на 1.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми. Претпријатето е регистрирано во Основен суд – Скопје според Решението Трег.бр. 666/98 од 24.03.1998г. и број на регистарска влошка 7-02001896-000-09. Врз основа на Заклучок од 123-тата седница на Владата на РС Македонија, бр.45-1656/1 и 45-1658/1 од 25.02.2019 година, ЈП „Македонски шуми, започна постапка за промена на Статутот на јавното претпријатие, за што Управниот одбор на ЈП донесе Статутарна одлука за измена на Статутот бр.02-254/2 од 14.03.2019година, со која се менува називот на јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост „Македонски шуми“, во ЈП „Национални шуми“. Статутарните промени се усвоени со Одлука на Владата на РС Македонија од 09.04.2019 год., врз основа на што е донесено Решение од Центрaлниот регистар на РС Македонија од 24.04.2019 година, од кога важи употребата на називот ЈП „Национални шуми“ на сите нивоа.
– Даночен број: 4030998338949
– Шифра на дејноста: 0201
Имајки предвид дека шумите се природно добро од општ интерес, а стопанисувањето со шумите е дејност од јавен интерес, со Законот за шуми утврдени се основните дејности, а тоа се:
Претпријатието врши и други дејности, кои се во врска со основните дејности, а придонесуваат за подобро искористување на капацитетите на претпријатието. Такви дејности се: лов, одгледување на дивеч, собирање и доработка на други шумски производи, ловен туризам и др.
Јавното претпријатие “Национални шуми“ е организирано така што дејноста заради која е основано, да ја врши на начин со кој се обезбедува:
Заради успешно остварување на овие цели, јавното претпријатие е организирано во:
– ДИРЕКЦИЈА И 30 ПОДРУЖНИЦИ
ЈП “Национални шуми“ во својот состав има 30 подружници, со кои раководат Раководители.
За обезбедување на потребната координација во остварувањето на дејностите на Претпријатието, работењето во Дирекцијата се извршува преку 9 (девет) сектори, со кои раководат Помошници на Директорот, а тоа се:
Органите на управување се:
