Централа: 02 2581 080
Ул.Булевар“Св.Климент Охридски“ Бр.68 Скопје-Центар
komunikacii@mkdsumi.com.mk
Природните услови во Р.С. Македонија условени од местоположбата, климата, релјефот, педолошко-геолошката градба на теренот, хидролошко-хидрографските карактеристики и друго, овозможуваат опстанок и развој на голем број растителни и животински видови. Поради тоа, нашата држава се вбројува во земјите со богат биодевирзитет. Голем број на растителни и животински видови се реликти и ендемити.
Врз основа на многубројните општокорисни функции на шумите, Р.С. Македонија ги гледа шумите како дел од националното богатство, односно наследство. Потврда за тоа е Уставот на Р.С. Македонија каде “сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита”.
319 фамилии дрвја и грмушки
Традиционално, шумите и шумското земјиште од страна на општеството најчесто се сфатени како ресурс кој дава материјални добра, во прв ред дрво и други шумски производи како лековити растенија, делови од растенија, печурки, плодови, и сл. Покрај економската функција, шумите имаат и многубројни други корисни функции за општеството како што се: одморот и рекреацијата на луѓето; многустрана заштитна функција особено во поглед на заштита на биодиверзитетот и запирање на ерозијата; благопријатно влијание врз климата и режимот на водите; производството на кислород и квалитетот на животната средина итн.
Со државните шуми во Р.С. Македонија стопанисува Јавното претријатие за стопанусување со шуми во државна сопственост ЈП”Национални шуми”. Јавното претпријатие, и во овој период, аналогно на постоењето на секое друго битие, поминува низ разни и сложени периоди со бројни проблеми и противречности, кои повеќе и или помалку успешно ги решава.
ЈП “Национални шуми” е формирано со одлука на Владата на Р.С. Македонија од 15. 12. 1997. година, а со работа започна на 01. 07. 1998. како правен следбеник на повеќе стопански објекти кои до формирањето стопанисуваа со државните шуми.
Р.С. Македонија има потпишано и ратификувано многу меѓународни договори и конвенции за заштита на шумите и животната средина кои влијаат врз шумарскиот сектор. Ориентацијата на земјата кон Европската Унија бара хармонизација на шумарската политика со обврските кон неа.