Централа: 02 2581 080
Ул.Булевар“Св.Климент Охридски“ Бр.68 Скопје-Центар
komunikacii@mkdsumi.com.mk
ЈП „Национални шуми“ овозможува воспоставување стратегиски партнерства со компании, здруженија, институции и индивидуалци кои се залагаат за одржлив развој, заштита на природата и унапредување на шумскиот сектор.
Преку партнерски соработки се создава простор за заеднички иницијативи, општествено одговорни проекти, поширока едукација и зајакнување на јавната свест за значењето на шумите.
Нивото на партнерство се доделува според обемот и значењето на соработката:

Највисоко ниво на партнерство – за значајни проекти, долгорочна поддршка или иновативни иницијативи од поширок јавен интерес.

Средно ниво – за континуирана соработка, финансиска или логистичка поддршка во рамки на активности и програми на ЈП Национални Шуми.
Доколку сте заинтересирани за соработка, Ве охрабруваме да не контактирате преку email адреса на овластените лица или да поднесете иницијатива преку нашата контакт-форма.
Да бидеме партнери во заштитата и обновувањето на шумите во Македонија!