Производи и услуги

Расадници

Оваа метода се применува во расадниците во Свети Николе, Куманово, Струмица и Ресен.

Класичната метода подразбира производство на садници со гол корен во отворени леи. Процесот вклучува сеидба на семе во припремени површини (сејалишта), по што садниците растат во природни услови до посакуваната старост – најчесто 2+0 за иглолисни видови и 1+0 за широколисни видови. По нивниот раст, садниците се вадат од земја, се пикираат и се транспортираат до терените за пошумување.

  • Иглолисни дрвја: црн бор, бел бор, приморски бор, молика, смрча, ела, дуглазија, ариш, аризонски чемпрес
  • Широколисни дрвја: даб, бука, јасен, јавор, багрем, питом костен
  • Декоративни видови и грмушки: за потребите на пејсажната архитектура, се произведуваат ограничени количини декоративни растенија во Кавадарци и Радовиш (сејаници, ожиленици, резници)

Овие садници наоѓаат примена во:

  • образовни и научни проекти
  • државни и приватни пошумувања
  • обновување на шумски екосистеми
  • уредување на јавни зелени површини
  • еколошки и волонтерски акции

Процесот на производство на саден материјал во расадниците на ЈП „Национални шуми“ вклучува и деликатни рачни фази, каде со голема внимателност и стручност се подготвуваат садници за пошумување. Работниците рачно ја полнат подлогата со тресет, ги садат семињата или младите растенија, и вршат контрола врз секој контејнер.

Овие фази се од суштинско значење за квалитетот на посадочниот материјал. Секоја садница што подоцна ќе стане дел од шумски екосистем, започнува како мала фиданка одгледана со рака, трпение и љубов кон природата.

Во контролираните услови на пластениците, садниците добиваат поддршка и нега од стручни тимови, а дел од фотографиите доловуваат токму таа посветеност и човечки фактор во секој чекор од производствениот процес.

Истовремено, расадниците на ЈП „Национални шуми“ располагаат со современа механизација за полевање, сенчести мрежи за заштита од сонце, автоматизирани системи за вентилација и управување со условите во пластениците. Сето ова овозможува максимален растежен потенцијал на секоја садница.

Ред. Бр.Производител на посадочен материјалЛокалитетПовршина ХектариНадморска височина
1.ПШС “Бор” – Кавадарци“Марена” – “Круша”10,0 ха210 м.н.в.
2.ПШС “Куманово” – КумановоРежановске врбе4,0 ха370 м.н.в.
3.ПШС “Беласица” – СтрумицаПросениково3,9 ха250 м.н.в.
4.ПШС “Шумарство” – Свети НиколеМавровица12,0 ха260 м.н.в.
5.ПШС “Преспадрво” – РесенАсамати0,7 ха890 м.н.в.
6.ПШС “Малешево” – БеровоБрдославица2,2 ха830 м.н.в.
7.ПШС “Голак” – ДелчевоДелчево (во градот)1,2 – 1,5 ха600 м.н.в.
8.ПШС “Плачковица” – РадовишПодареш, Плачковица8,0 ха350 м.н.в.
9.ПШС “Караџица” – СкопјеВртешка – Китка0,6 – 0,8 ха900 м.н.в.
10.ПШС “Лопушник” – КичевоКрушино0,58 ха790 м.н.в.
11.ПШС “Бабуна” – ВелесИзвор1,0 ха500 м.н.в.
12.ПШС “Бигла” – Демир ХисарСопотница5 – 6 ха700 м.н.в.