СЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ, НАДЗОР И ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА
Помошник директор: Дипл.шум.инж. Игор Стојановски
Работни цели:
Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето на производниот процес, развивање на политики за заштита и контрола;
Опис на работни задачи и обврски:
Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците и ја координира работата на шумочуварското одделение на ниво на ЈП;
Изготвува и го следи извршувањето на годишната програма од оваа област и ги следи сите законски одредби од областа на заштита и чување на шумите и се грижи за нивна правилна примена;
Одобрува годишен план за заштита на шумите од бесправни сечи: се грижи за спроведување на истиот;
Го следи и го насочува работењето на регионалните центри за заштита на шумите;
Обезбедува навременa и квалитетнa размена на податоците со ИДП службата и соработува со истата;
Ја следи работата на одделението за внатрешна контрола и дава насоки за поефикасно работење во соработка со раководителот;
Ги одобрува извештаите на внатрешната контрола и истите ги доставува до Директорот на ЈП;
Остварува соработка на национално и меѓународно ниво со други институции од областа на заштитата на шумите;
Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог Директорот на претпријатието;
Одговорности:
За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;