Раководител на одд. за финансии: Дипл.ецц. Златко Саздов
Работни цели:
Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето, развивање на политики за финансиско управување и работење;
Опис на работни задачи и обврски:
Врши надзор и координација на сметковотствено-финансискиот систем на претпријатието;
Го координира процесот на развој, воспоставување и одржување на финансиско управување и контрола;
Воспоставува документиран тек на финансиските трансакции и други трансакции од почеток до крај;
Планира и подготвува годишна програма за материјално и финасиско работење на претпријатието;
Го заменува Директорот за прашања од областа на сметковотствено-финансиско работење;
Одговорен е за спроведување на законските прописи, што го регулираат сметковотствено – финансиското работење;
Заедно со Директорот ја одредува динамиката и распоредот на финансиските средства потребни за тековното работење и ја креира кредитната политика на претпријатието;
Учествува во изготвувањето на економскиот дел од договорите и дава извештаи за степенот и динамиката на реализација на договорите;
Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот на претпријатието;
Одговорности:
За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;