Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето на продажбата, развивање на политики за подобар пласман на дрвните производи;
Опис на работни задачи и обврски:
Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците;
Го испитува и анализира пазарот во земјата и странство;
Изнаоѓа и огранизира продажба на нови пазари во земјата и во странство и изготвува и предлага ценовници за продажба на дрвни и други производи;
Изготвува и спроведува долгорочни, среднорочни и годишни планови за развој на секторот, продажба на дрвни сортименти и други производи;
Го следи извршувањето на предвидените планови и Договори во секторот;
Склучува Договори со коминтенти за продажба и набавка;
Соработува со другите сектори во дирекцијата и со организации и институции кои се бават со проблематика од делокругот на секторот;
Организира советувања за стручно унапредување на кадарот и учествува на саеми;
Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот на претпријатието;
Одговорности:
За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;