Организира вршење на ревизија на системите за внатрешна контрола, на усогласеноста (регуларноста) на актите и работењето со Законот, на успешноста во работењето (извршувањето) на планските задачи, и финансиска ревизија во Јавното претпријатие и неговите Подружници;
Изготвува упатство за работа на единицата и повелба за внатрешна ревизија;
Подготвува годишни планови за внатрешна ревизија врз основа на проценката на ризикот и по одобрувањето од директорот на ЈП го обезбедува нивното спроведување и следење;
Го организира и координира работењето на внатрешната ревизија и врши надзор на нејзиното спроведување;
Го информира директорот на ЈП за постоење на сопствен конфликт на интереси при извршување на својата задача;
Го информира директорот на ЈП доколку се појави сомнеж за нерегуларности или измами кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;
Го доставува ревизорскиот извештај до директорот на ЈП;
Подготвува квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
Се грижи за квалитетно извршување на внатрешната ревизија и примената на насоките дадени од министерот за финансии;
Се грижи за евидентирање на ревизорските активности и чување на документите од ревизиите;
Обезбедува обука на внатрешните ревизори, подготвува и поднесува годишни планови за обука до директорот на ЈП за нивно одобрување и обезбедува нивна имплементација;
Ги проценува капацитетите и ресурсите на службата за внатрешна ревизија на годишно ниво и доставува препораки до директорот на ЈП за нивната усогласеност со годишниот план за ревизија;
Го известува директорот на ЈП за спроведувањето на годишниот план за ревизија и дава објаснување за промените во планот за ревизија;
Го следи спроведувањето на препораките од извршената ревизија и акционите планови;
Врши и други работи и работни задачи согласно Законот и актите на ЈП;