Раководител на одд. за финансии: Дипл.ецц. Златко Саздов

Работни цели:

  • Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето, развивање на политики за финансиско управување и работење;

Опис на работни задачи и обврски:

  • Го координира процесот на развој, воспоставување и одржување на финансиско управување и контрола;
  • Воспоставува документиран тек на финансиските трансакции и други трансакции од почеток до крај;
  • Планира и подготвува годишна програма за материјално и финасиско работење на претпријатието;
  • Го заменува Директорот за прашања од областа на сметковотствено-финансиско работење;
  • Одговорен е за спроведување на законските прописи, што го регулираат  сметковотствено – финансиското работење;
  • Заедно со Директорот ја одредува  динамиката и распоредот на финансиските средства потребни за тековното работење и ја креира кредитната политика на претпријатието;
  • Учествува во изготвувањето на економскиот дел од договорите и дава извештаи за степенот и динамиката на реализација на договорите;
  • Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот на претпријатието;

Одговорности:

  • За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;