СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ, ШУМСКА ИНФРАСТРУКТУРА И МЕХАНИЗАЦИЈА
Помошник директор: Дипл.шум.инж. Владимир Бибоски
Работни цели:
Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето на работниот процес, предлагање на модернизација;
Опис на работни задачи и обврски:
Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците;
Ја кординира реконструкцијата и градбата на шумските патишта со помош на механизација;
Планира, спроведува и предлага годишни планови за стопанисување со шумското земјиште;
Изготвува и спроведува годишни и периоднични планови во врска со шумскиот транспорт, превозот на дрво, одржување на механизацијата и другите објекти што служат за користење на шумите;
Врши планирање и координација при изградба на шумски комуникации;
Врши анализа за ефикасноста на искористувањето на механизацијата;
Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог Директорот на претпријатието;
Одговорности:
За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;