Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето, развивање на политики за квалитет и подобра искористеност на ресурсите;
Опис на работни задачи и обврски:
Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците;
Ги планира, контролира и координира потребите за зачувување на општокорисните функции на шумите и остварување на одржливото стопанисување со шумите;
Ја следи реализацијата на шумско културните работи прдвидени со пресметките за утврдување на штетите при трајна пренамена на шумите и шумско земјиште;
Го контролира и координира производството на семенски материјали, заштитата на семенските состоини и генетските ресурси;
Го контролира и координираа работењето во ловиштата и фармите;
Го контролира спроведувањето на годишните планови за спроведување на посебните ловностопански основи за ловиштата со кои стопанисува ЈП “Македонски шуми“ п.о. – Скопје;
Го следи извршувањето на предвидените работи во посебните ловностопански основи и организира комерцијален лов;
Соработува со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, со организации и институции кои се занимаваат со проблематиката од делокругот на работата на секторот и со правните субјекти носители на барања од делокругот на работата на секторот;
Организира и учествува на семинари и работилници и го претставува ловството на саеми и изложби во земјава и странство;
Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот на претпријатието;
Одговорности:
За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;