СЕКТОР ЗА ПРАВНИ, ЗАЕДНИЧКИ, ОПШТИ РАБОТИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Помошник директор Дипл.прав. Сашка Стојменова
Работни цели:
Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето, управување со човечки ресурси;
Опис на работни задачи и обврски:
Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците;
Предлага поведување постапка за донесување акти односно за измени и дополнувања на постојните акти во согласност со законите;
Ја следи организацијата на работење на Претпријатието и дава предлози за нејзино подобрување;
Организира застапување на Претпријатието пред судовите и другите органи и им дава правна помош на Подружниците;
Ги организира и координира работите од областа на управувањето со човечки ресурси;
Организира вршење на административно-стручните работи на органите на управување на Претпријатието;
Организира навремено доставување на материјали за седниците на Органите на управување на Претпријатието и помошните Органи и Тела и се грижи за квалитетот и усогласеноста на актите со законот и другите акти на Претпријатието;
Се грижи за дисциплината во секторот;
Организира и обезбедува редовно, навремено и според содржината и обликот достапно известување;
Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот на претпријатието;
Одговорности:
За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;