СЕКТОР ЗА ПЛАН И АНАЛИЗА, ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ, ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
Помошник директор: Дипл.шум.инж. Игор Стојановски
Работни цели:
Управување со функционирање на Секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето на работниот процес, предлагање на модернизација;
Опис на работни задачи и обврски:
Врши надзор и координација врз работењето помеѓу Секторот и соодветните служби во Подружниците;
Следи и анализира наменско и рационално користење на финансиски средства за реализација на развојните и инвестициони активности;
Учествува во креирање на основните насоки за спроведување на деловната политика на претпријатието;
Учествува во изготвување на Програмата за работа на претпријатието, како и месечните извештаи за нејзина реализација;
Учествува во изготвување на Годишната Инвестициона програма на претпријатието, како и изготвување на извештаи за нејзина реализација;
Врз основа на направени анализи на протокот на информациите во технолошкиот процес, дава предлози за компјутеризација и модернизација на претпријатието;
Организира обука на корисниците за користење на постоечка и нова софтверска и хардверска опрема и апликативни модули;
Ги следи новините во информатичката технологија преку стручна литература, посета на семинари и саеми од областа на информатиката, оперативни системи и алатки за апликативен развој, особено примената во шумарството;
Врши планирање и креирање на домени, корисници, кориснички групи, доделување на кориснички привилегии за мрежните ресурси;
Се грижи за безбедноста на мрежните ресурси како и локалните ресурси на серверите;
Учествува во работата на развојниот тим во изработка на сервисни модули, разрешување на проблеми со драјвери и секаде каде што апликативните проблеми бараат подлабоко познавање на организацијата и работата на оперативните системи и во проектирање на апликативен софтвер, изработка на програмски модули и апликации, кодирање и тестирање на програмски модули;
Осмислува и подготвува материјали за настап во медиумите, реклами, рекламен материјал;
Ги организира и координира работите од областа на маркетингот и информирање;
Одговорен е за ВЕБ-страната на претпријатието, пласира свои идеи, одговорен за фејсбук комуникацијата. Ја координира работата при уредување и издавање на списанието “Наши шуми”;
Одговорен е за комуникација со јавноста, соработува со маркетинг и информативни куќи за презентирање на претпријатието, извршува најсложени работи што се однесуваат на прашања за соработка со меѓународни институции од областа на шумарството;
Ги следи новите достигнувања од областа на информирањето и маркетингот преку домашна и странска литература;
Изготвува анализи, информации и извештаи во врска со соработката со меѓународните институции;
Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот на претпријатието;
Одговорности:
За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието;